Престојот на Асанж во амбасадата на Еквадор чинел 800.000 долари, а еве колку пари се потрошени

Точка

22/05/2019

12:27

1.946

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Хозе Валенсија, на 11-ти април изјавил дека престојот на Асанж во амбасадата на Еквадор чинел шест милиони долари.

Престојот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во амбасадата на Еквадор во Лондон, чинел 800.000 долари, а не шест милиони како што претходно соопштило министерството за надворешни работи на Еквадор, соопштила Државната контролна комисија на Еквадор. 

Комисијата во извештајот наведува дека парите најмногу се трошеле на лекарски услуги, храна, безбедност и обезбедување на комуникацијата на Асанж, пренесува "Tass".

Во седумте години, колку што Асанж минал во амбасадата на Еквадор, биле потрошени 795.372 долари и 71 цент, наведува Комисијата.

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Хозе Валенсија, на 11-ти април изјавил дека престојот на Асанж во амбасадата на Еквадор чинел 6 милиони долари.

Како што тогаш изјавил, 5,8 милиони долари биле потрошени на обезбедувањето на Асанж, додека 400.000 долари се потрошиле на лекарски услуги и 300.000 на правни советници.

Како што наведува агенцијата, еквадорските власти уште не ја објасниле разликата во бројките кои ги изнеле министерот Валенсија и Државната комисија.

Асанж по седум години во амбасадата во која нашол прибежиште, неодамна бил уапсен и на 11-ти мај е осуден на 50 недели затвор поради кршење на условите на кауцијата.

Против основачот на Викиликс повторно е отворена истрага за наводно силување во Шведска, додека негова екстрадиција бара и САД поради објавување на доверливи документи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг