Чикаго ја добил првата градоначалничка Афроамериканка: Отворено признава дека е геј, а на положувањето на заклетва се појавила со сопругата и ќерката

Точка

22/05/2019

12:07

1.756

Големина на фонт

а а а

Во Чикаго Лори Лајтфул била избрана за градоначалничка и таа е првата Афроамериканка на таа функција во третиот најголем град во САД.

"Со години зборуваат дека Чикаго не е подготвен за реформи. Ќе станеме подготвени, бидејќи реформата е тука", рекла Лајтфул откако положила заклетва за стапување на должност.

Таа додала и дека ниеден службеник не би требало да профитира од својата функција, како и дека ќе изврши реформа на полицијата.

Лори Лајтфул, 56-годишна демократка, е поранешна американска сојузна обвинителка. Таа, исто така, е прва отворено декларирана геј личност на подрачјето на Чикаго.

Во текот на положувањто на заклетвата на бината се појавила со сопругата Ејми и ќерката Вивиен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг