Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Макфакс

22/05/2019

11:59

3.027

Големина на фонт

а а а

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска – Ставридис за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д директор на 14.08.2017 и досега постојано и бил продолжуван мандатот на 6 месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат да доставува анкетен лист дека и завршила функцијата.

Пановска е именувана на директорката функција четири пати, а таа дури пред една недела, на 15 мај ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Ирина Пановска – Ставридис, в.д. директорка на Клиниката за хематологија, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на татко ѝ. Антикорупционерите ќе испитуваат и како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот. Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група загрижени лекари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг