Центарот за зависници од Кисела Вода ќе се сели во Гази Баба

Нетпрес

22/05/2019

11:53

1.825

Големина на фонт

а а а

Центарот за зависници од Кисела вода ќе се дислоцира во Гази Баба, во поранешната менза на фабриката Металски Завод Тито.

– Ова е местото каде до крајот на годината треба да биде сместен Центарот за зависници. Покрај нова локација зависниците ќе добиваат и нова современа терапија.

Министерството за здравство веќе добило решение од општината Гази Баба на чија територија се наоѓа земјиштето. Филипче се надева дека нема да има проблеми со имотно правни односи.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг