“Една година немав менструација и јадев само неколку ореви дневно”: Актерката успеала да побегне од канџите на опасната опсесија

Точка

22/05/2019

11:27

5.848

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка од серијата “Game of Thrones”, Софи Тарнер, открила дека екстремното изгладнување толку ја исцрпело што нејзиното тело почнало да ја издава.

Оваа 23-годишна девојка раскажала дека е под голем притисок бидејќи очите на јавноста се вперени кон неа уште од тинејџерството и дека тоа влијаело на нејзината слика за телото. Поради тоа, станала опседната со броење на калориите што ја довело до голема опасност. 


“Престанав да добивам менструација речиси една година, кога почувствував дека сакам да одам на терапија”, изјавила Софи и укажала дека негативните коментари на социјалните мрежи за нејзиниот изглед ја довеле во таква ситуација.

Актерката имала само 13 години кога започнала да ја снима серијата.


“Бев свесна за своето тело како многу помлада. Сето тоа ми го преплавуваше умот и не можев да мислам на ништо друго. Ги броев калориите во сè. Некогаш се случуваше да јадам само неколку ореви дневно”, изјавила преубавата Тарнер.

Таа со текот на времето закрепнала и сега благодарение на нејзиниот сопруг Џо Џонас, се чувствува одлично и подобро од претходно.

“Мислам дека тој на некој начин ми го спаси животот”.


Актерката имавме прилика да ја гледаме до крајот на “Game of Thrones”, а наскоро се очекува да почнат нејзините нови филмски проекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг