Само еден клуб го сака Кутињо, но не може да го донесе

Макфакс

22/05/2019

11:18

1.563

Големина на фонт

а а а

Само еден клуб покажал желба да го реализира трансферот на Филипе Кутињо. Барселона во јануари 2018 година со „вреќа шари“ го купија Бразилецот од Ливерпул, но тој на „Ноу Камп“ не успеа да се наметне и не покажа ниту дел од играта што ја имаше додека беше играч на „црвените“.

Во Барселона се сигурни дека овој играч нема иднина во нивниот тим, со задоволство по го продале, но проблем е што нема кој да го купи. Интерес за Бразилецот покажувале само од Челси, но екипата од „Стенфорд Бриџ“ има забрана за трансфери до летото 2020 година.

Челси се жалеа до Судот за спортска арбитража и доколку жалбата им биде прифатена тогаш Кутињо ќе заврши на „Стенфорд Бриџ“, во спротивно…



Спонзорирани линкови

Маркетинг