„Мајко“ на Гуру Харе и Аки Рахимовски има универзална порака

Точка

22/05/2019

10:57

4.812

Големина на фонт

а а а

Се запознале на концертот во чест на Тоше Проески во 2008, после 11 години се роди нивниот заеднички проект „Мајко“, кој никого не остава рамнодушен, бидејќи од срце е подарен за публиката, а се надеваме така ќе биде и прифатен.

Гуру Харе за првата соработка со Аки Рахимовски кој овојпат пее на неговиот мајчин јазик. 

Колку време се познавате со Аки и зошто чекавте до сега за соработка?

- Се познаваме од нашиот прв заеднички настап.Концерт во чест на Тоше Проески на Градскиот стадион во 2008 година. А за соработката не чекав, едноставно се наместија работите.Во 2017 та, повторно засвиревме заедно, овој пат на Златна Бубамара и од прилика тогаш ми се роди идејата да го побарам Аки.Песната веќе постоеше.

Колку време се работеше на композицијата од идеја до реализација и кој се' беше вклучен за да звучи како што звучи, да буди емоции? 

- Целиот процес траеше околу година и нешто повеке,бидејки ми требаше време сето тоа да го организирам и реализирам. Да создадеш песна и спот од нула е прилично макотрпна работа.

Песната ја снимивме во студиото Парамециум на браќата Тавитјан. Аранжер и продуцент е Диран Тавитјан.Јас ги одсвирев гитарите, а Аки ја одпеја. 

Која е пораката на „Мајко“? 

- Пораката е содржана во текстот на песната, и не би сакал да ја дообјаснувам.

Оставам секој да ја почувствува МАЈКО на свој начин, бидејќи пораката е универзална.

Како ја прифати идејата Аки дека треба да пее на македонски, грешеше ли за време на снимањето? 

- На Аки македонскиот му е мајчин јазик и воопшто не му беше проблем.Го зборува се уште оној литературен македонски, што мене посебно ми се допаѓа.

На кои локации се снимаше спотот, случки за време на снимањето, кој е режисер?

- Спотот се снимаше на три локации.На железничката станица во Драчево,во приватна куќа, и во студиото на Мелем Продукција.Режисер на видеото е Огнен Шапковски,Директор на Фотографија е Кристијан Теодоров, а го изработи Мелем Продукција. Самото снимање е една голема случка, така што не би издвоил ништо.

Какви чувства ви предизвика првпат кога ја слушнавте? 

- Јас прв пат ја слушнав во мојата глава кога ја создавав :) А кога ја слушнав снимена бев презадоволен.

Дали e ова почеток на вашата соработка?

- Јас не сум човек што прави такви планови од напред.Ке оставам песната да не води.

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг