Полетало првото летечко такси: Постигнува брзина од 300 километри на час и во него може да влезат пет лица

Точка

22/05/2019

11:11

1.448

Големина на фонт

а а а

Лилиум е многу поевтин од хеликоптер, бидејќи во него речиси и да нема механички делови, а троши само десетина енергија.

Историското полетување на летечкото такси е забележано во баварското село Оберфафенхофен, со што е докажан потенцијалот на концептот на електричните летала. 

Станува збор за прототип на летало кое тежи околу тон и половина, а го придвижува електричен погон. Поточно, станува збор за 36 електрични млазни мотори сместени во крилата на леталото.

Прототипот на летечкото такси засега може да полета и безбедно да слета, а во следните тестови ќе се совладуваат и покомплексни маневри, јавува "Der Spiegel". Ова летало би требало да биде евтино летечко такси, кое во Германија ќе биде комерцијализирано до 2025-та година.

Еден од основачите на компанијата, Даниел Виеганд, изјавил дека овие летала можат да останат во воздух до еден час и летаат со брзина од 300 километри на час. Може да пренесуваат до пет лица, а превозот ќе биде многу поевтин од конвенционалниот.

"Лилиум е многу поевтин од хеликоптер, бидејќи во него речиси и да нема механички делови, а троши само десетина енергија", објаснува Виеганд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг