Која е жената која му ја наместила аферата на Штрахе? Рекла дека е внука на руски тајкун, а потоа се огласил тој и ја решил мистеријата

Точка

22/05/2019

21:49

7.131

Големина на фонт

а а а

Жената која му ја наместила аферата на поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, кога на Ибица и ветувал договори за градење и продажба на удел во весникот "Kronen Zeitung" во замена за финансирање на изборната кампања, се претставила како Алјона Макарова, внука на богат руски тајкун.

Германски "Fokus", повикувајќи се на "Spiegel" и "Sueddeutsche Zeitung", пренесува дека рускиот тајкун, на кој таа се повикувала, навистина постои дека станува збор за Игор Макаров. Тој по повод скандалот во руското издание на економското списание на "Forbes" порачал: 

"На сите им е познато дека сум единец, па со самото тоа немам внуки", рекол Макаров и додал дека во семејството не постои никаква Алјона Макарова, и дека не познава жена која се вика така.

Макаров се наоѓа на 46-тото место на листата на "Forbes" за најбогати Руси со богатство од околу 2,1 милијарда долари.

Парите ги заработил преку трговија со нафта и гас.

Инаку, Штрахе оваа афера не го чинела само политичката кариера, туку, изгледа, и бракот, бидејќи медиумите шпекулираат дека неговата сопруга со детето се преселила кај своите родители.

Таа рекла дека е шокирана и дека сака да ја анализира целата ситуација.

"Во шок сум и допрва треба да ги средам мислите", изјавила таа за весникот "Heute".

"Мојата природа е таква секогаш да гледам во иднината, па така ќе биде и сега: сета своја енергија ќе ја посветам на детето и на заштитата на животните", додала Филипа. За сопругот додала дека мора да се соочи со непријатните последици од своите постапки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг