Де Роси се сели во Бразил?

Точка

22/05/2019

11:06

998

Големина на фонт

а а а

Даниеле Де Роси по крајот на оваа сезона ќе ја напушти Рома и ќе ја продолжи својата кариера во некој друг клуб.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Даниеле Де Роси нема намера да се пензионира откако Рома не му понуди продолжување на договорот, па јасно е дека наскоро ќе го избере и својот нов клуб.

Според најновите информации, за неговите услуги се заинтересирани од Бока Јуниорс и голема е веројатноста Италијанецот би можел да се пресели во Бразил.

„Има време за разговор за засилувањата во јуни и јули. Ако некој си оди, некој ќе пристигне“, изјави накратко претседателот на Бока Јуниорс, откако новинарите на „Фокс Спортс“ го запрашаа за наводниот интерес на неговиот клуб за Де Роси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг