Путин ги плаќа за да ја уништат ЕУ: Лидерот на европските либерали жестоко ги нападна Салвини, Орбан и Штрахе

Точка

22/05/2019

13:13

2.317

Големина на фонт

а а а

Гај Верхофштат, лидерот на либералите во Европскиот парламент, го повика Салвини на дебата и го обвини него и неговите сојузници од десничарските партии за заговор со Путин за уништување на Европската унија.

Поранешниот белгиски премиер, во видео пораката директно му се обрати на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини кој е и министер за внатрешни работи и прв човек на десничарите во Италија.

„Ве предизвикувам на дебата еден-на-еден, затоа што луѓето имаат право да ги знаат кои ѓаволски планови ги имате на ум“, порача Верховштат неколку дена пред изборите за Европскиот парламент.

Во пораката која ја објави на своите профили на социјалните мрежи, Верхофштат го поврза Салвини со останатите десничарски лидери како што е Хајнс Кристијан Штрахе, кој неодамна поднесе оставка на местото вицеканцелар на Австрија.

Исто така, Верхофштат го спомена и унгарскиот премиер Виктор Орбан, лидерката на француските десничари Марин Ле Пен и лидерот на Брегзит кампањата во Велика Британија, Најџел Фараж.


Како што рече, сите тие „константно се во заговор кој го плаќа Путин за да ја уништат Европа“, а неодамна изјави дека се плаши дека „Европската унија ќе умре“, доколку десничарските популисти триумфираат на европските избори оваа седмица.

Тој тврди дека Салвини успеал да создаде евроскептична супергрупа и тоа е „бакнеж на смртта“ за Брисел. Според Верхофштат, десничарските популисти не се единствената закана по Европската унија, додавајќи дека унијата исто така се соочува со предизвиците на кинеските, руските и американските „имерии“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг