Кајли Џенер лансира веганска козметика за нега на кожата

Точка

21/05/2019

21:36

2.649

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер - не е само најмладата милијардерка, туку едноставно најбогатата жена на светот, а позната е како основач на брендот „Kylie Cosmetics“. Сега одлучила да заработи уште повеќе и да претстави уште еден бјути бренд.

Овој пат главен дел од колекцијата нема да бидат нејзините течни кармини, туку производите за нега! Причината за тоа треба да се побара во бјути трендовите - а тоа се no make-up make-up!

Сите модерни жени сега многу повеќе размислуваат за нега на кожата, отколку за тоа како да ги сокријат сите недостатоци со пудра.

Она што ќе биде вклучено во колекцијата „Kylie Skin“, сè уште не е познато, но таа веќе најавила дека ниеден производ нема да биде тестиран на животни и дека се соодветни за вегани. Освен тоа, нема да користи парабен и сулфат.

Новата колекција ќе биде во продажба од утре (22-ри мај) на сајтот на брендот, а засега останува само да го заследите новиот профил @kylieskin и да ги чекате новите вести. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг