Не им замерувајте: Ова се најголемите одмазници во зодијакот

Точка

21/05/2019

20:29

4.915

Големина на фонт

а а а

И додека некои луѓе можат да опростат буквално сè, другите одмаздата ја планираат уште пред да се случи конфликтот.

Луѓето родени во следните хороскопски знаци сметаат дека единствената достојна правда за нивните повредени чувства е одмаздата, па така зборот „извини“ едноставно го занемаруваат и продолжуваат да ги кројат своите планови.


Јарец

Кога ќе повредите личност родена во знакот на Јарец, знајте дека за тоа ќе плаќате цел живот. Тие не опростуваат, паметат сè, а кога најмногу ќе им одговара - ќе ви вратат „мило за драго“. Јарците не поднесуваат некој да ги види повредени, па затоа многу брзо го враќаат својот „заштитнички оклоп“ и оставаат лутината да ги води понатаму.

Бик

Биковите се интересираат само за луѓето кои ним им се важни, па затоа не им обрнуваат внимание на „ситните риби“ за кои мислат дека ги повредиле, а тие всушнсост веќе ги заборавиле. Но доколку ги повреди некој нивен близок, бидете сигурни дека тоа нема да остане нерешено.


Шкорпија

Доколку повредите личност во знакот на Шкорпија, таа сигурно јасно ќе ви даде до знаење дека ве очекува „пекол“. Шкорпиите агресијата ја сметаат за единствено решение, а во тие случаеви најмногу ги води повреденото его, а не здравиот разум.




Спонзорирани линкови

Маркетинг