Селин Дион воодушеви во Карпул Караоке: Забавно возење низ Лас Вегас со песна и бакнеж

Точка

21/05/2019

19:55

2.857

Големина на фонт

а а а

Селин Дион конечно ја прифатила поканата на Џејмс Корден за учеството во неговата популарна емисија Карпул Караоке. Како што се очекувало, славната дива успеала да ја воодушеви публиката на Корден, но и корисниците на Интернет.

Уште на почетокот на забавното возење низ Лас Вегас, познатиот водител не можел да изговори ни збор, а пејачката да не започнела спонтано да пее некоја песна.

Потоа Корден ја пуштил нејзината песна „It's All Coming Back to Me Now“ од 1996-та година, а Селин на првите тактови пуштила глас и ги покажала своите неверојатни вокални способности. Како дел од прекрасниот перформанс во еден момент одлучила да го бакне водителот.

Како пејачка позната по своите драматични изведби, Корден ја прашал Селин дали би можела да ја направи драматична детската песна „Baby Shark“, а таа го направила тоа фантастично.

Водителот подготвил и едно изненадување за Селин. Со оглед на тоа што таа е голем љубител на обувки и дека поседува речиси 10.000 пара обувки, водителот одлучил дека мора дел од нив да ги подари на некои од минувачите. Со тешко срце, но со насмевка на лицето, Селин го направила тоа.


После тоа следеле прекрасни интерпретации на песните „Because You Loved Me“, „I Drove All Night“, како и посебен перформанс на „My Heart Will Go On“, тематската песна од филмот Титаник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг