Кина не седи со „прекрстени раце“ на ударите од Америка: Бараат отштета од Боинг поради приземјувањето на сите 737 Max авиони!

Точка

21/05/2019

19:38

5.449

Големина на фонт

а а а

Кинеската авио-компанија „China Eastern Airlines“ официјално побарала отштета од американскиот Боинг поради загубата која ја претрпела поради приземјувањето на свои 14 авиони „Boing 737 Max“ и одложувањето на идните испораки на авионите, соопштено е денеска од таа компанија.

Меѓутоа, кинеските медиуми не пренеле колкава компензација барал авио-превозникот, пренесува агенцијата Ројтерс.


„Приземјувањето на авионите 737 Max од 11-ти март, 2019-та година, предизвика релативно голема загуба за „China Eastern“. Како што поминува времето, таа загуба дополнително ќе се зголеми“, соопштила компанијата.

Истовремено, одложените испораки на авионите кои ги нарачала компанијата предизвикале исто така економска загуба.

Во својата флота, „China Eastern“ има 14 типови на авиони „737 Max“.

Кина била меѓу првите земји кои приземјиле „Boing 737 Max“ во март, како одговор на несреќите кои се случиле со тој модел на авиони. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг