Бејл: Не третираат како роботи, не можеме да го правиме она што го сакаме!

Дерби

21/05/2019

20:30

3.172

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“ и се очекува Реал Мадрид да направи секаков напор за да го „избрка“ Велшанецот од шпанската престолнина, но во меѓувреме, во англиската спортска јавност доста актуелна стана најавата за мини документарецот кој го подготви „Би-Ти Спортс“.

Приказната е посветена токму на крилниот напаѓач на Реал Мадрид кој бележи сезона за заборав во редовите на се уште актуелниот европски шампион, но во истата, Бејл многу повеќе зборува за тешкотиите со кои се соочува еден професионален фудбалер, отколку за својата иднина која е крајно неизвесна.

– Комплетно ги разбирам пензионираните фудбалери кои велат дека долго се опоравуваат по завршувањето на играчката кариера. Еден професионален фудбалер, не може да го бира својот календар како во голфот или тенисот. Ние фудбалерите сме роботи. Ни кажуваат каде да бидеме, кога да бидеме таму, во колку часот треба да јадеме, во колку часот треба да се качиме во автобусот. Ако пропуштите нешто, прават како да сте го изгубиле животот. Не можеме да го бираме она што сакаме да го правиме. Затоа, ги сфаќам сите оние кои велат дека се опоравуваат од фудбалот по крајот на кариерите. Но, ако бидеме објективни, фудбалската кариера е доста кратка и понекогаш вреди да се жртвувате и да ги правите овие работи, – вели Бејл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг