Јунајтед му постави цена на Погба

Дерби

21/05/2019

19:28

2.842

Големина на фонт

а а а

Францускиот интернационалец, Пол Погба од 2016 година повторно е дел од премиерлигашот Манчестер Јунајтед, клуб од кој своевремено си замина во потрага по минути, искуство, првотимски статус кој го доби во Јувентус каде блескаше четири сезони.

Ова беше доволно Јунајтед да направи се за да го врати на „Олд Трафорд“ меѓутоа и во втората епизода во Јунајтед, Погба не успеава да се наметне, има повремени блесови, ама и доста падови за што е критикуван од јавноста, аналитичарите и секако навивачите на „црвените ѓаволи“.

Често се говори и пишува за негово ново заминување од Јунајтед, ама премиерлигашот не сака така лесно да се откаже од неговите услуги. Особено сега кога на кормилото е Оле Гунар Солскјер кој во Французинот гледа лидер, играч кој може да помогне во остварување на зацртаните цели.

Поради ова поранешниот англиски шампион има поставено мега цена за Погба, поточно бара најмалку 160 милиони евра се со цел да ги одбие нападите на заинтересираните екипи. Оваа информација ја соопшти „Тутомеркато“, па останува да видиме каква ќе биде сега реакција на Погба кој пак наводно сака да си замине, ама дефинитивно ова јавно го нема соопштено и може само да е една од многуте шпекулациии кои ги трасираат медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг