Грчки воени авиони патролираа на македонското небо

Нетпрес

21/05/2019

18:08

4.009

Големина на фонт

а а а

Два грчки авиона од типот ф-16, со дозвола на македонски власти, утринава за првпат го надлетаа нашето небо. Прелетите се извршени во рамките на НАТО мисијата „Air Policing“. Целта беше проверка на комуникациите и радарската покриеност на македонскиот воздушен простор.

Ова е дел од подготовките на македонските воени сили пред пред нивно полноправното интегрирање во Алијансата.

ЕАР полисингот е вообичаена пракса во НАТО сојузот за земјите членки кои немаат свои воздухопловни сили. Таков е примерот со Албанија и Црна Гора, каде небото го чуваат италијанските и грчки авиони. Во случајот на нашиот воздушен простор логичен избор на Грција, вели професорот Дујовски.

Воздушната полиција според политиката на НАТО не е одговор на специфична закана, туку престваува редовна заштита на воздушниот суверенитет на змејите членки на Алијансата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг