Ф1 и тимовите пред договор за буџетите

КРУГ.МК

21/05/2019

16:19

293

Големина на фонт

а а а

Грег Мафеи од Либерти Медиа, тврди дека Формула 1 и тимовите во моментов ги делат само “неколку десетици милиони долари“ за да се договорат околу ограничувањето на буџетот кој ќе биде фундаментален дел од иднината на спортот, а кое големите екипи се обидуваа да го избегнат.

Мафеи исто така инсистира дека голем напредок е направен кон финализирање на новиот Конкорд договор кој ќе започне од 2021 година.

„ДВЕТЕ СТРАНИ РАБОТАТ КОН НОВ КОНКОРД ДОГОВОР ВЕЌЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, ИАКО ПРОЦЕСОТ НА ДОГОВАРАЊЕ НА ИДНИТЕ КОМЕРЦИЈАЛНИ ДОГОВОРИ, РАКОВОДЕЊЕТО, ТЕХНИЧКИТЕ И СПОРТСКИТЕ РЕГУЛАТИВИ Е КОМПЛИЦИРАН.

МИСЛАМ ДЕКА Е НАПРАВЕН ГОЛЕМ НАПРЕДОК. СЕКАКО ДЕКА ИМА РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДИСКУТИРААТ. ФОРМУЛА 1 САКА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ, А КОГА ПОЧНАВМЕ СО ЧЕЈС КЕРИ И НЕГОВИОТ ТИМ, ОКОЛУ ОГРАНИЧУВАЊЕТО, СИТЕ СЕ ВОЗБУДИЈА.

МИСЛАМ АКО ЗБОРУВАТЕ СО ДРУГИТЕ ТИМОВИ, ОГРАНИЧУВАЊЕТО ВО ГЛОБАЛА Е ПРИФАТЕНО. СЕ РАБОТИ ЗА РАЗЛИКА ОД НЕКОЛКУ ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ, НЕ СТОТИЦИ. КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПОДЕЛБАТА, ТОА Е ПРИЧИНА НА ПРЕГОВОРИТЕ.

ГЕНЕРАЛНО, ТЕОРИЈАТА Е ДЕКА САКАМЕ ДА СОЗДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ КОНККУРЕНЦИЈА, ПОВЕЌЕ ПРЕТЕКНУВАЊЕ, ПОБАЛАНСИРАНО ТРОШЕЊЕ, ПОБАЛАНСИРАНИ ИСПЛАТИ, КОИ НЕ СЕ ОМИЛЕНИ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ЕКИПИ, НО СЕ ПОЖЕЛНИ ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ И НЕ СМЕ ТОЛКУ ДАЛЕКУ ОД ДОГОВОР СО ТИЕ КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ.

СИТЕ ТИЕ РАБОТИ СЕ ПРИФАТЕНИ. СЕ ДВИЖИМЕ КОН НЕКАКОВ ЗАКЛУЧОК. ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР НЕ Е ЈАСНО, НО МИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ ДОБРА НАСОКА“, ПОЈАСНИ МАФЕИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг