Јапонците развиваат батерии кои самите се обновуваат

Точка

21/05/2019

17:20

1.654

Големина на фонт

а а а

Батериите би можеле да траат подолго и да даваат повеќе енергија, а притоа да не мора да имаат поголеми димензии како што е тоа случај денес.

Научниците од Јапонија развија нов материјал кој би можел значително да го продолжи животниот век на батериите и да го зголеми нивниот капацитет. Тоа би можело да значи и пресврт не само за индустријата на преносните уреди, туку и за електричните автомобили.

Типичната батерија содржи слоеви на метални материјали. Како што минува низ циклуси на полнење и празнење, така во тие слоеви се појавуваат пукнатини кои го намалуваат капацитетот на батеријата.

Но, научниците од Универзитетот во Токио покажаа дека, доколку во батеријата се користи кислороден редокс-слоевит оксид, нема распаѓање на металните материјали, па дури и слоевите на метал започнуваат да се обновуваат.


За индустриите кои се потпираат на користењето на батериите ова би можело да биде пресвртница, затоа што не само што батериите би добиле подолг животен век, туку нивниот капацитет исто така би можел повеќекратно да се зголеми. Во превод, батериите би траеле подолго и би давале поголема енергија, без притоа да пораснат и нивните димензии.

Сепак, на нивната примена во секојдневниот живот ќе мора да почекаме, барем додека научниците од Јапонија успеат нивните истражувања од лабораторија да ги применат во еден конкретен производ кој ќе биде подготвен за масовно производство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг