Нирбургринг веројатно е најзабавното место на светот за љубителите на автомобилизмот и трките, а тоа најдобро го покажува најновото видео кое ни доаѓа од Германија.
Овој пат на познатиот „Зелен пекол“ во Германија силите ги одмерија електричниот Tesla Model 3 и новиот BMW M2 Competition. Иако не може да се каже за двата модели дека се предвидени за дуели на тркачката патека, сепак, јасно е дека BMW е повеќе ориентиран кон високите перформанси, а „струјата“ на Tesla го претвора автомобилот во ракета.
За разлика од Model S, помалиот „брат“ Model 3 е полесен и повеќе му одговараат тркачките патеки за „ладење на батериите“. Исто така, помалиот модел е значително полесен од поголемиот брат.
Двата автомобили неколку пати се претекнуваа, а дали M2 успеа да го претекне Model 3, погледнете на видеото подолу.