Опасна изјава на еден од највлијателните луѓе во американскиот Конгрес: Ќе мораме да започнеме голема воена одмазда!

Точка

21/05/2019

17:38

3.621

Големина на фонт

а а а

Главниот „јастреб“ во американскиот Конгрес, Линдзи Грејем порача дека доколку Иран продолжи да се заканува, да ги напаѓа нафтоводите и бродовите, тогаш САД немаат друг избор освен да започнат голема воена одмазда.

Републиканскиот сенатор и еден од „највоинствените“ луѓе во американскиот Конгрес, порача дека Иран и натаму им се заканува на Соединетите Американски Држави и дека иранските власти се одговорни за оваа ескалација во односите помеѓу Вашингтон и Техеран.

„Виновни се Иранците, не САД или било која друга нација. Доколку се активираат иранските закани по американскиот персонал на Блискиот исток и нашите интереси, тогаш ќе мораме да започнеме една огромна воена одмазда“, порача Грејем.


„Факт е дека во изминатите седмици Иран изведе напади на нафтоводите и бродовите на други нации и упати закани кон американските интереси во Иран“, порача тој, алудирајќи на неодамнешните инциденти во кои беа нападнати танкери на Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Норвешка, а исто така беше и нападнат саудиски нафтовод.

Во екот на тензиите во односите помеѓу двете земји, деновиве се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој исто така упати заканувачка порака до Иран.

„Ако Иран сака да се бори, тоа и официјално ќе биде неговиот крај. Не им се заканувајте на САД никогаш“, порача американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер.


Покрај тоа, од американската морнарица неодамна потврдија дека нивните сили дека извеле вежби во Арапското море со ударна група носачи на авиони кои Пентагон ги испрати во Персискиот залив поради борба против заканите од Иран.

Од друга страна, иранскиот шеф на дипломатијата, Мохамад Џавад Зариф, неодамна порача дека нема да има војна помеѓу Иран и САД, затоа што ниту Иран сака такво нешто, ниту некој во регионот се лаже дека е кадарен да ѝ се спротивстави на неговата земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг