Пронајдени три тестаменти на кралицата на соул музиката: Синовите не ги прифаќаат

Точка

21/05/2019

14:45

3.129

Големина на фонт

а а а

Три рачно напишани тестаменти биле пронајдени во домот на Арета Френклин во предградието на Детроит, месеци по смртта на кралицата на соул музиката, вклучувајќи и еден кој бил откриен под перниците во дневната соба, изјавил нејзиниот адвокат Дејвид Бенет во понеделникот.

Последниот тестамент е од март 2014-та година и изгледа дека според него имотот на славната пејачка по нејзината смрт, треба да им припадне на членовите на семејството. 

Меѓутоа, некои делови се многу тешки за дешифрирање, а на четири страни има зборови напишани на маргините, пренесува "AP".

Арета Френклин имала 76 години кога починала минатиот август од рак на панкреасот.

Адвокатите и членовите на семејството тогаш изјавиле дека нема тестамент, но овој месец биле откриени три тестаменти напишани рачно. Два тестаменти од 2010-та година биле откриени заклучени во фиока.

Верзијата од 2014-та година била напишана во спирален тефтер кој бил најден под перници, вели Бенет. Бенет, кој повеќе од 40 години ѝ бил адвокат на Арета Френклин, ги објавил тестаментите во понеделникот.

Тој рекол дека судијата не е сигурен дали се тестаментите полноважни по законот на државата Мичиген. Рочиштетео е закажано за 12-ти јуни. Бенет рекол дека тестаментите се поделени на четирите сина на пејачката или нивните адвокати, но дека и натаму не е постигнат договор за тоа дали некој од нив се смета за полноважен. Во соопштението се наведува дека двајца од синовите не ги прифаќаат овие тестаменти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг