Софи Тарнер се огласи за петицијата за повторно снимање на серијата „Игра на Тронови“: „Тоа е непочитување“

Точка

21/05/2019

14:32

5.279

Големина на фонт

а а а

Последната епизода од „Игра на тронови“ беше прикажана ноќта помеѓу недела и понеделник, а реакциите на фановите и критиките се измешани. Повеќе од милион незадоволни фанови потпишаа петиција со која бараат повторно снимање на осмата сезона, а Софи Тарнер која ја глумеше Санса Старк вели дека не ја изненадила таквата реакција.

Таа истакнува дека барањата за повторно снимање на осмата сезона се омаловажувачки и дека претставуваат непочитување на екипата која макотрпно работеше на оваа сезона.

„Луѓето секогаш ја имаат идејата во глава дека сакаат серијата да заврши, а во случај крајот да не им се допадне почнуваат да зборуваат за тоа и да се бунат“ - изјавила Софи Тарнер.

Софи петицијата ја окарактеризира како непочитување, критикувајќи ги фановите кои бараат повторно снимање на осмата сезона од серијата „Игра на Тронови“. Петицијата која е покрената на сајтот Change до сега има повеќе од 1.3 милиони потписи, а авторите на оваа серија ги опишуваат како некомпетентни.  


„Петицијата и сличните работи се непочитување на екипата, сценаристите на филмот и филмските соработници кои повеќе од 10 години неуморно работеа на оваа серија. Последната сезона ја снимавме 11 месеци. Толку многу луѓе работеа неуморно, а за некои тоа е ѓубре затоа што видоа крај каков што не посакуваа. Тоа е непочитување“ - изјавила Софи.


Наспроти измешаните реакции на фановите и негативните критики сепак последната епизода под наслов „The Iron Throne“ постигна рекорд по број на прегледи, 19,3 милиони пати на сите платформи (вклучувајќи ги HBO GO и HBO Now) надминувајќи ја гледаноста на претходната епизода која има 18,4 милиони прегледи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг