Колку требаше да се работи во Југославија за да се купи автомобил? Ова се најбараните лимузини во некогашната СФРЈ

Супермен

21/05/2019

10:22

6.594

Големина на фонт

а а а

Многумина денес со носталгија се присетуваат на минатите времиња во поранешната Југославија, дури и кога се во прашање автомобилите.

Дури ни пред распадот на Југославија, кога на југословенските патишта се возеа стотина илјади возила на Застава, возниот парк не беше “млад”, а безбедноста на сообраќајот беше на завидно ниво. 


Но, фактите говорат дека понудата беше далеку пооскудна, а за тој, најевтиниот од сите “југовци”, Koral 45, мораше да се работи 30 месеци, а притоа тоа беше вториот најевтин автомобил на пазарот.


Единствениот подостапен автомобил беше Fiat 126, попознат како “пегличка”, за овој автомобил имено беа доволни 19 просечни плати. Со една месечна плата плус, просечниот Југословенец можеше да си дозволи Škodа 120L, а вкупно 35 просечни плати требаше да се издвојат за Renault 4.


Најдостапен компактен семеен автомобил беше Zastava 101 за 38 плати, а по него следеа руските Moskvič Aleko (42 просечни плати) и Lada Samara за 54.

Средната класа сепак бараше нешто повеќе, на пример Yugo Florida за кој требаше да се издвојат 75 просечни месечни плати, или VW Golf II Diesel за кој требаше да се работи 96 месеци или полни осум години. Renault 19 и Fiat Tipo беа поскапи за плус некоја месечна плата.


И полека доаѓаме до автомобилите кои не често се гледаа на патиштата. Приказната ја отвора италијанската убавица Alfa 164 со фантастичен V6 мотор и цена во противвредност од 322 просечни плати. Уште поскап модел беше Opel Omega, како и францускиот Renault 25 со исто така славниот V6 мотор. За него, југословенскиот работник мораше да издвои 404 месечни плати или речиси сè што ќе заработи во својот работен стаж.

На самиот врв се наоѓаа германските ѕверки - за BMW 750iL односно продолжената верзија со V12 мотор беа потребни 912 просечни плати или точно 76 години работен стаж. Конечно, најскапиот автомобил на тогашниот пазарот беше Mercedes 560 SEC за кој требаше да се работи 1.231 месец, односно просечниот работник да одработи нешто повеќе од 102 години работен стаж.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk