"Нема примање на проблематични во ЕУ, Македонија може да ја престигне Србија"

Точка

20/05/2019

18:07

3.955

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за проширување и политика во соседството, Јоханес Хан, денес во Виена повторил дека без решенија на билатерални проблеми, нема членство во ЕУ.

Воедно нагласил и дека Македонија е позитивен пример во регионот дека проблемите може да се решат, а премиерот Зоран Заев истакнал дека решението кое го пронашле Скопје и Атина за долгогодишниот спор би можел да биде охрабрување за Белград и Приштина да продолжат со дијалогот. 

Хан, зборувајќи на собирот "Нови перспективи на Северна Македонија" во организација на Виенскиот економски форум, рекол дека моментално Северна Македонија е единствената земја на Западен Балкан која нема спорови со соседите и дека со тоа е постабилна од останатите делови од регионот.

"Секогаш ме прашуваат кој прв ќе пристапи во ЕУ, а мојот одговор е секогаш ист - станува збор за процес заснован на заслуги, и од тоа кој најбрзо напредува на тој пат. Почнавме преговори со Србија и Црна Гора и моментално тие земји се најнапредни на овој пат, но тоа не ја исклучува можноста Македонија да го надомести заостатокот кој го има, идејќи е единствена земја која нема ниеден билатерален спор со соседите. Во стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан јасно кажавме дека прифаќаме нови членки само ако немаат билатерални конфликти. Не сме подготвени да увезуваме конфликти", објаснил Хан.

Рекол дека тој напредок вродил со плод и дека најпрво претстои пристап на Македонија во НАТО, што, како што кажал, би требало да се случи наредната година.

Тоа е важен чекор, но, како што констатирал, уште поважен е вториот чекор, а тоа е европската перспектива.

Изразил надеж дека ќе успее да ги увери скептичните членки да се отворат пристапни преговори со Скопје што побрзо, и рекол дека е уверен дека тоа ќе се случи уште пред лето.

Најавил дека ќе се отворат поглавјата 23 и 24, која ќе бидат и последни затворени во пристапниот процес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг