Жестока порака од Трамп до Техеран: Ако Иран сака војна, тоа и официјално ќе биде неговиот крај

Точка

20/05/2019

09:12

2.455

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заканил на Иран со уништување ако ги нападне американските интереси.

"Ако Иран сака да се бори, тоа и официјално ќе биде неговиот крај. Не им се заканувајте на САД никогаш", објавил Трамп на Твитер. 

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран пораснале кога САД објавиле дека во Персискиот залив го праќаат носачот на авиони "Абрахам Линколн" и бомбардери B-52, оправдувајќи го тој потег со "иранската закана". Меѓутоа, иранскиот шеф на дипломатијата, Мохамад Џавад Зариф, во саботата изјавил дека нема да има војна.

На крајот од посетата во Кина, Зариф рекол дека е сигурен дека нема да има војна, бидејќи ниту Иран сака такво нешто, ниту некој во регионот се лаже дека е кадарен да му се спротивстави на Иран.

Американско-иранските врски се на најниско ниво откако претседателот Трамп пред една година одлучил да се повлече од меѓународниот договор потпишан во 2015-та година, за ограничување на иранскиот нуклеарен програм во замена за укинување на санкциите на Техеран и откако во ноември 2018-та година повторно му вовел економски санкции на Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг