Откриена е тајна фабрика од Втората светска војна: Овде се произведувало оружјето кое ги спаси Британците од Хитлер

Точка

20/05/2019

11:43

3.893

Големина на фонт

а а а

Станува збор за фабрика која одиграла важна улога во воената индустрија на Велика Британија за време на Втората светска војна.

Првиот лет на исконскиот “Spitfire” авион бил во Саутемптон на 5-ти март 1936-та година, а испораките започнале во 1938-ма година, само една година пред да избие Втората светска војна. Фабриката во Вулстон не можела да ги задоволи побарувањата, па била изградена уште една во близина на Бирмингем. Откако Велика Британија влегла во Втората светска војна, производството дополнително се забрзало.


Британците настојувале целото производство на своите најважни воени машини да го преселат на север, што е можно подалеку од германските бомбардери, а често фабриките биле градени под земја.

Токму една таква фабрика изградена под земја неодамна беше откриена во близина на Бирмингем од страна на истражувач кој сакал да остане анонимен.


На фотографиите можат да се видат мрачните, влажни тунели во кои се произведувал моќниот мотор „Мерлин“ на „Ролс-Ројс“ кој бил погон на “Spitfire” авионот се до 1942-ра година кога започнуваат да се произведуваат верзии на авионот со моторот „Грифон“.

Во подземните хангари можат да се видат остатоците од индустриската опрема, мебелот и разни материјали.


Иако воените аналитичари сметаат дека во Битката за Британија, најважна улога одиграл друг британски ловец – едноседот “Hawker Hurricane” кој бил далеку поброен, сепак “Spitfire” засекогаш влезе во легендите, најмногу поради својот карактеристичен облик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг