Шерифовиќ и Гоца Тржан разочарани: Благодариме браќа од Македонија на нулата

Макфакс

19/05/2019

19:09

11.671

Големина на фонт

а а а

Српските пејачки Марија Шерифовиќ и Гоца Тржан изразија разочараност на социјалните мрежи бидејќи Македонија не ѝ додели гласови на српската претставничка, Невена Божовиќ, на Евровизија.

„Благодариме на браќата од Македонија на нулата, јас гордо гласав за Тамара!“, напиша на својот „Твитер“ профил пејачката Гоца Тржан.

И евровизиската победничка Марија Шерифовиќ изрази неверување за нулата.

„Македонија не ѝ даде ниту еден поен на Србија??? Дали видов добро???“, напиша Шерифовиќ.


Жири комисијата на Србија во евровизиското финале на македонската претставничка Тамара Тодевска ѝ додели 12 поени. Македонскиот композитор Дарко Димитров беше дел од тимовите на двете земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг