МВР: Од 20 мај кандидати за полицајци ќе се обучуваат да го регулираат сообраќајот на скопските крстосници

Макфакс

19/05/2019

12:34

1.449

Големина на фонт

а а а

„Секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути“, појаснуваат од МВР од каде апелираат граѓаните и возачите да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеници, во периодот од 09.00 – 15.00 часот на 20, 21, 22, 27, 28 и 29 мај на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидати за полициски службеници заедно со четворица сообраќајци ќе реализираат практична обука за физичко регулирање на сообраќајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг