ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на австрискиот вицеканцелар нека биде пример за СДСМ како се понесува одговорност

Макфакс

19/05/2019

11:31

1.468

Големина на фонт

а а а

Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде прават споредба со политичката ситуација во Австрија, каде владата доживеа колапс поради скандалот со објавени видео-снимки од вицеканцеларот Хајнц Кристијан Штрахе.

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, истакнуваат од опозициската партија, потоа надоврзувајќи, според нив, и други неуспешни примери.

„Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка. Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема. Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки. Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка. Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери. Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески. Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години. Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи“, се наведува во партиското соопштение во однос на работата на владините функционери.

Според ВМРО-ДПМНЕ, потребни се итни оставки бидејќи, како што велат, државата е во хаос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг