Илија Несторовски како опција во нападот на белградска Црвена Звезда?

Макфакс

18/05/2019

16:54

1.683

Големина на фонт

а а а

Српските медиуми наголемо шпекулираат дека има голема можност македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски (29) кариерата да ја продолжи во Белград, во редовите на екс-европскиот фудбалски шампион, Црвена Звезда.

Палермо е исфрлен од Серија Б во Серија Ц, па за очекување е поголемиот дел од играчите на сицилијанскиот клуб да си бараат нова средина.

Не е тајна дека минатото лето македонскиот фудбалер беше голема желба на белградските „црвено-бели“, но големото обесштетување ( над 1 милион евра) се испречи за Несторовски да премине во Белград. Сега ситуацијата е поинаква.

Постои голема шанса напаѓачите на Звезда, Ричмонд Боачи, Милан Павков и Дејан Јовељиќ да го напуштат „Рајко Митиќ“, ако не сите барем дел од нив, па затоа Управата на клубот погледот го врти кон нов напаѓач.

Медиумите во Србија Несторовски го оквалификуваа како брз, расен и искусен голгетер кој изминатата сезона во Палермо на 26 меча постигна 14 гола.

Договорот на Несторовски со Палермо е до 2021 година, но сосема извесно е дека за пристојно обесштетување ќе биде слободен да побара нова средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг