Учебниците по историја под детална ревизија, во духот на Преспанскиот договор ќе бидат ослободени од иредентистички содржини

Макфакс

18/05/2019

16:42

1.519

Големина на фонт

а а а

На 17 и 18 мај во Охрид се одржа четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно Преспанскиот договор, информираат од Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека делегациите од македонска и грчка страна во конструктивна и колегијална атмосфера извршиле детална и сеопфатна ревизија на наставните планови по историја, учебниците и учебните помагала по историја кои се во употреба во двете земји.

„Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци“, истакнуваат од надлежното министерство.

„Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот“, стои во соопштението.

На состанокот воедно се постигнала согласност за временската рамка за примена на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг