Ким и Кајне неодамна станаа родители по четврти пат. Сурогат мајката на свет донесе момче, а сега јавно е објавено неговото име.
Ким се огласи преку нејзината платформа на социјалните мрежи и откри дека нејзиниот син го добил името Псалм.
Кардашијанката исто така објави фотографија од својот наследник која ѝ ја испратил Кајне Вест преку порака.
„Псалм Вест“ – напишала Ким Кардашијан.
Еве ја фотографијата:
Да ве потсетиме дека Ким и Кајне имаат уште три деца, ќерките Норт (5) и Чикаго (1) и синот Сејнт (3).