Еве што прво си помислуваат мажите кога ќе видат жена со чаша пиво во рака

Точка

18/05/2019

13:30

2.991

Големина на фонт

а а а

Не е проблем кога мажите пијат? Шокантните резултати на новите студии покажуваат дека стереотипите за жените кои пијат алкохол се полоши од претходно.

Во серијата експерименти во кои учествувале 400 мажи и жени, истражувачите воочиле дека најобична сцена на жена која држи чашка алкохол во рака ја прикажува жената во негативно светло.

Жените кои наместо чаша вода во рака држеле чаша пиво биле окарактеризирани како “сексуално достапни“, да не речеме “лесни“.


Тоа секако не било случај со мажите, па затоа се дошло до заклучок дека разликата меѓу половите е изложена на стереотипи повеќе од кога и да е. Тоа е опасно и значи дека има помалце луѓе од кога и да е кои се подготвени да интервенираат во ситуации во кои што жената е во ризик.

„Жените кои пијат алкохол автоматски се обележани, за разлика од мажите кои пијат алкохол“ – вели Жанин Скоринко, професорка која учествувала во студиите.


„Оваа ситуација е посебно шокантна затоа што држењето на шише со пиво ја зголемила перцепцијата за интоксикација и го зголемил впечатокот за “сексуална достапност“ кај жените што не е случај и за мажите“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг