Вака работи сириската ПВО: Протекле и снимки од вчерашниот напад на Дамаск

Точка

18/05/2019

11:59

6.071

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавило видео на кое се гледа како средствата за противвоздушна одбрана на Сирија ги одбиваат воздушните напади во областа на Дамаск.

На снимката се гледаат дејствата на сириските ракетни системи, како и погодувањето на еден од објектите. Освен тоа, на снимката може да се слушнат експлозии. 

Претходно сириски воен извор соопштил дека е одбиен воздушен напад на Голанската висорамнина, која ја окупирале израелските сили. Според неговите зборови, средствата за ПВО идентификувале и собориле неколку објекти лансирани од Кунејтре.

##https://twitter.com/AuroraIntel/status/1129465063054761984##

Не се прецизира кој точно стои зад овој ракетен напад. Израел изведува редовни напади на објекти во Сирија. Тел Авив своите постапки ги објаснува со желба да спречи современо оружје да падне во рацете на непријателите.

Според зборовите на заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ваквите напади се нелегитимни и неосновани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг