Средината на месец мај е традиционално резервирана за Канскиот фестивал, а и оваа година сме сведоци на врвната елеганција и гламурот. Во изминатите два дена, на црвениот тепих особено внимание привлекоа три дами во црвени тоалети.
Црвената боја е, рамо до рамо со белата и црната, најчест избор за гала настаните, па така ни филмскиот фестивал во Кан не е исклучок, а кога ќе видиме колку оваа боја изгледа моќно и скапо во комбинација со гламурозните тоалети, јасно нѝ е зошто е омилена.
Понекогаш во модните кругови може да се чуе совет дека црвената боја никако не е добар избор за црвениот тепих, но кога ќе изберете модел кој добро ви прилега, сите правила престануваат да важат.
Погледнете ги фотографиите во продолжение од највпечатливите црвени креации во изминатите години на Канскиот фестивал.