Гвардиола за можноста да се пресели во Јувентус: Се знае кој тим ќе го водам во наредната сезона

Дерби

17/05/2019

21:45

1.271

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот калчолигаш Јувентус е во потрага по нов тренер откако одлучи да се раздели со Масимилијано Алегри кој по пет минати години си заминува од Торино.

„Бјанконерите“ одлучија да му се заблагодарат на Алегри и предвреме да ја завршат соработката со стратегот кој имаше активен договор до 2020 година. Ова значи дека Јувентус од наредната сезона ќе го гледаме со нови име на клупата, но тоа дефинитивно нема да биде Пеп Гвaрдиолa за кого се шпекулираше дека може да пристигне во „црно-белиот“ табор.

-Колку пати треба да кажам? Нема да одам во Јувентус, нема да одам во Италија. Овде сум задоволен, никаде не одам. Следната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити, колкупати треба да повторам, -истакна денеска Пеп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг