Емили се соблекла гола против забраната за абортус: “Наши тела, наш избор”

Точка

17/05/2019

19:49

4.324

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски им се приклучила на бројните славни жени во Америка и јавно го изнела својот став по повод веста дека Алабама усвои речиси потполна забрана за абортус.

Ратајковски, освен фактот дека на жените им се одзема правото на избор, особено ја разбеснило тоа што одлуката ја донеле 25 бели мажи. Законот ќе стапи на сила шест месеци откако ќе го потпише гувернерката Кеј Ајви. Алабама, откако законот ќе стапи на сила, ќе го забрани абортусот во било кој случај. 

“Оваа недела, 25 стари белци гласаа за забрана на абортусот во Алабама, дури и во случаи на инцест и силување. Тие луѓе на власт ја наметнуваат својата волја над женските тела за да го одржат партијархатот и да го продолжат индустрискиот затворски комплекс, така што ги спречуваат жените со ниски економски можности да одлучат дека не сакаат да раѓаат. Државите кои пробуваат да го забранат абортусот се држави кои имаат најголем процент на црни жени. Сè се врти околу класата и расата и станува збор за директен напад на основните човекови права кои жените во САД ги заслужуваат. Наши тела, наш избор”, напишала Емили.

Таа својата порака ја напишала покрај фотографијата на која позира гола, што воопшто не изненадува бидејќи редовно нагласува дека со своето тело има право да прави што сака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг