Преку изводот на малиот Арчи се откриени професиите на Хари и Меган

Точка

17/05/2019

18:00

5.632

Големина на фонт

а а а

Британското кралско семејство го објавило изводот на родени на новородениот син на принцот Хари и Меган Маркл.

Изводот на родени открил дека малиот Арчи сепак не е роден куќата, туку во болницата Портланд во Лондон. Во изводот на родени се наведува датумот на раѓање на Арчи, како и податоците на неговите родители и нивните професии.


Па така, во изводот пишува дека таткото на малиот Арчи Харисон е принцот Хари, односно Неговото Височество Хенри Чарлс Алберт Давид, војводата од Сасекс. Во неговата професија пишува дека е принц од Обединетото Кралство. Во делот кај мајката стои дека таа е Рејчел Меган, Нејзиното Височество војвотката од Сасекс. Во професијата кај неа стои дека таа е принцеза од Обединетото Кралство.

Дејли Меил пишува дека Меган сакала да се породи дома, но со оглед на тоа дека терминот го надминала за една недела, била принудена да оди во болница. Да потсетиме, малиот Арчи Харисон се роди на 6-ти мај оваа година, а родителите на јавноста ѝ го претставија два дена подоцна. Потоа беше објавено името и презимето за момчето и информацијата дека бебето нема кралска титула.




Спонзорирани линкови

Маркетинг