Тенискиот свет е шокиран од изјавата на Федерер за Кирјос: “Што направи, ја повреди столицата?”

Точка

17/05/2019

17:06

10.091

Големина на фонт

а а а

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е дисквалификуван од Мастерсот во Рим, откако на мечот против Каспер Руд направи хаос на теренот.

Контроверзниот Австралијанец дивеел на теренот и фрлал сè што му се нашло при рака – шутирал шишиња, столчиња, се расправал со судијата, а на крајот ги спакувал работите и излегол од теренот. 

Федерер на интересен начин го прокоментирал дисквалификувањето на Кирјос:

“Лично, мислам дека не треба да биде суспендиран. Што направи, ја повреди столицата? Го напушти теренот? Мислам дека тоа не е доволно... Не знам дали и понатаму е на условно после она што се случи во Шангај. Ако е, тогаш можеби ќе треба да се истражи. Ако не, тогаш мислам дека не треба да се суспендира. Нула бодови, казна, сето тоа е доволно. Тој знае дека погрешил”, заклучил тенисерот.

За потсетување, Австралијанецот поради дивјачкото однесување ќе биде казнет со одземање на хонорарот кој го заработил со учеството на турнирот, со одземање на бодовите кои ги освоил и ќе мора да плати 20 илјади евра.

Тенискиот свет останал шокиран по изјавата на Роџер Федерер кој бил прилично “благ” кон Кирјос. Повеќето колеги го осудиле срамното однесување на контроверзниот тенисер и сметаат дека треба да биде суспендиран. Норвежанецот Каспер Руд вели дека заслужил минимум половина година забрана за играње тенис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг