Селена Гомез не е единствената која оваа година првпат се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан.
Таа чест ѝ припаднала и на убавата актерка, Пријанка Чопра Џонас, која се обидела посебно да се истакне и да заблеска.
На својот Инстаграм најави дека ќе се насочи кон гламурот во златното доба на Холивуд, а нејзината креација и фризура и тоа како го потврдиле тоа. Прекрасната актерка за оваа свечена пригода облекла раскошна црна тоалета со кристали и скапоцен накит.
Пријанка на Кан дошла без придружба од својот сопруг Ник Џонас, кој останал во Америка.
Освен на црвениот тепих, Пријанка позирала и во вилата во која престојувала, а на својот Инстаграм профил објавила цела низа на заводливи фотографии.