Роберт Патинсон би можел да биде следниот Бетмен

Точка

17/05/2019

15:43

2.120

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на сагата “Twilight”, актерот Роберт Патинсон, би можел да биде следниот Бетмен. Според пишувањата на “Variety”, Патинсон ќе глуми во новиот филм “The Batman” кој излегува во јуни 2021 година, во режија на Мeт Ривс.

Меѓутоа, “Deadline” известува дека работата сепак не е завршена до крај. Ѕвездата на филмот “X-Men”, Николас Холт, е исто така еден од актерите кој би можел да се најде во улога на Бетмен. Според порталот, на компанијата “Warner Bros” ѝ се допаѓаат и двајцата актери, но Патинсон е прв избор. 


Извори на “Hollywood Reporter” велaт и дека Арми Хамер и Арон Тејлор-Џонсон исто така се во потесниот круг за улогата на популарниот суперхерој.


Патинсон или Холт ќе ја преземат оваа улога од Бен Афлек, а 29-годишниот Холт би можел да биде најмладиот актер кој некогаш се појавил во улога на Бетмен. Актерот Кристијан Бејл го отелотвори ликот на Бетмен на 31-годишна возраст, а пред него го глумеа Џорџ Клуни, Вал Килмер и Мајкл Китон.

“Warner Bros” му дала доволно време на Ривс за развој на приказната, надевајќи се дека неговото сценарио ќе биде исправно и добро по разочарувањето кај фановите од остварувањата “Batman v Superman: Dawn of Justice” и “Justice League”, пишува “Variety”.


Извори за порталот велат дека снимањето на филмот би можело да започне кон крајот на 2019 година или кон почетокот на следната година. Улогата првобитно му била понудена на Афлек, но тој се откажал од неа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг