Македонскиот енергетски форум 2019: Сите да учествуваат за подигнување на свесноста за енергетската ефикасност

Макфакс

17/05/2019

15:21

541

Големина на фонт

а а а

Во организација на Владата, АД Електрани на Северна Македонија, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот се одржува вториот по ред Македонски енергетски форум 2019 на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ на кој врвни експерти, претставници на компании и од извршната власт дебатираат за важни теми од областа на енергетиката.

На петтиот панел од првиот ден на Македонскиот енергетски форум се зборуваше на тема „Енергетска ефикасност како главен фактор за намалување на потрошувачката на енергија по 2030“ на која дебатираа Методија Миноски, директор на Одделот за управување со животна средина Прокредит банка, Виолета Коагалничеану, директор на Одделот за инфраструктура и енергетска ефикасност, Европска енергетска заедница, Ана Стојиловска, претставник на Централноевропскиот универзитет од Будимпешта, Гонзало Бариос, виш експерт за зелено финансирање, ИПЦГ мбх, Германија, Ивица Јакимовски, директор на Голден арт и претседател на Градежна комора и Ана Чоловиќ, извршен директор на „Екосвест“.

„Да се зборува за свесност за енергетска ефикасност треба да се зборува за свесност на многу теми поврзани со оваа. Енергетската ефикасност делува на повеќе области. ‘Екосвест’ работи долгорочно на оваа тема. Резултатите од наше истражување покажува дека 55 % од граѓаните мислат дека можат да влијаат за заштита на животната средина. Тоа значи дека кај граѓаните постои свесност дека од нив зависат многу работи“, рече Ана Чоловиќ, извршен директор на „Екосвест“.

На овој панел-дискусија панелистите дебатираа за можностите и начините на кој различните општествени чинители можат да влијаат за да се подигне свесноста за енергетската ефикасност и да се мотивираат граѓаните на акција.

„Енергетската сиромаштија се лоцира во домаќинствата. Тие се важни во енергетската транзиција. Енергетската сиромаштија е не можност на домаќинствата да ги задоволат своите енергетски потреби. Под тоа се подразбира проблеми со плаќање сметки за електрична енергија. Енергетската сиромаштија е резултат на повеќе фактори. Енергетската ефикасност е одлична алатка за намалување на енергетската сиромаштија“, порача Ана Стојиловска, претставник од Централноевропскиот универзитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг