Најмрзоволната мачка на светот почина во седмата година

Точка

17/05/2019

15:18

2.032

Големина на фонт

а а а

“Grumpy Cat”, најмрзоволната мачка на светот која стана вистинска интернет сензација поради својот израз на лицето, почина во седмата година.

Оваа информација ја објавија нејзините сопственици на социјалните мрежи: 

“Со скршено срце ја објавуваме веста за загубата на нашата драга мачка. Поради инфекција на уринарниот систем, дојде до компликации со кои за жал таа не успеа да се избори. Беше наше бебе и ги развеселуваше членовите на нашето семејство, но и многу луѓе ширум светот. Почина во прегратките на својата мајка Табата. Нејзиниот дух ќе продолжи да живее низ нејзините фанови”, соопшти семејството на Твитер.

Намуртеното маче, чие вистинско име е Тардар Сос, е родено на 4-ти април 2012 година. Мачката стана позната токму по својата уникатна и необична фацијална експресија која е всушност последица на медицинско нарушување – џуџест раст и криво зарасната вилица. Токму поради ваквото нарушување, оваа мачка изгледа мрзоволно, а нејзиниот лик беше инспирација за интернет сензација. Тардар има 8,5 милиони фанови на Фејсбук, 2,5 милиони следбеници на Инстаграм, 1,5 милиони следбеници на Твитер и 264 илјади Јутјуб претплатници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг