Вориорс без Дурент и во Орегон

Макфакс

17/05/2019

13:01

970

Големина на фонт

а а а

Кевин Дурент ќе ги пропушти и третиот односно четвртиот натпревар во финалето на Западната конференција, во НБА лигата. Без, Дурент, Голден стејт Вориорс ги добија првите две средби против Портланд Трејлблејзерс.

Дурент, го повреди листот на десната нога, во финишот на третата четвртина во петтиот меч од полу-финалната серија со Хјустон Рокетс. Без него, Вориорс, победија во шестиот натпревар во Хјустон, се пласираа во конференциското финале, каде им се потребни уште две победи за пласман во големото финале.

Во клубот веруваа дека Дурент ќе биде подготвен за мечевите во Орегон, на теренот во Портланд, меѓутоа тренерот Стив Кер рекол дека повредата е „малку посериозна“, но дека рехабилитација се одвива според планот.

Дурент, оваа сезона во плеј-офот има просек од 34,2 поени, 5,2 скока и 4,9 асистенции. Крилниот играч од поле има реализација 51,3 отсто.

Инаку, третиот меч од серијата помеѓу Портланд и Голден стејт се игра в недела, во три часот според средноевропско време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг