Тијана со емотивна изјава по вчерашниот настап на Тамара на Евровизија: Уште се тресам...

Точка

17/05/2019

21:37

8.367

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска, нашата претставничка на овогодинешната Евровизија која се случува во Тел Авив, Израел, вчеравечер одлично ја изведе песната „Proud“ со што нѝ обезбеди влез во финале, кое со нетрпение го очекуваме оваа сабота.

Многу познати личности јавно ѝ честитаа на Тамара за успехот. Исто така и нејзините фанови се во неверување дека омилената пејачка, Тамара Тодевска, после шест години успеа да се избори за Македонија да се престави на финалната вечер на 64-то издание на Евровизија.


Сепак, меѓу целата „галама“ која се крена околу овој неверојатен настап на Тамара, најголемо внимание привлече нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ.

Таа се огласи на социјалните мрежи веднаш после нејзиниот настап.

„Те сакам сестре Тамара! Уште се тресам, маестрално, емотивно, беспрекорно! По којзнае кој пат сум ГОРДА! РАСТУРИ! Идеме до победа“, напиша Тијана на својот Фејсбук профил.

„Заслужено после толку години вистински избор за Евросонг! Моќно, емотивно, самоуверено, нашата единствена Тамара“, „Macedonia is proud of you“, „Прва! Прва и да остане!“, „Блазе мајка што ве роди вас две! Песната е полн погодок! Популарна тема, моќна изведба. Тамара, неодолива во секој поглед! Очекувам победа!“, „Честитки! Да се наежиш од настапот на Тамара. Во сабота 'Proud' Победува“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови, под објавата на Дапчевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг