Драгана Спасовска за блискоста со Роналдињо и луксузниот живот: “Подобро да плачам во Ферари отколку во некој друг автомобил”

Точка

16/05/2019

21:11

25.421

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Драгана Спасовска, која беше дел и од едно познато реалити шоу, во интервју за емисијата “Бекстејџ” отворено зборуваше за својот живот во Дубаи, за бројните познанства со познатите личности и за парите како мерило за среќа.

Таа, помеѓу другото, откри и дека нејзин близок пријател е фудбалерот Роналдињо на кој му го има и телефонскиот број: 

“Познавам многу јавни личности како Ники Минаж, Марадона, Роналдињо, Меси, Погба и се имам дружено со нив. Овие јавни личности се многу поприземни од некои други луѓе од мали држави како Македонија”, изјави Драгана.


На прашањето дали е вистина дека имало нешто повеќе помеѓу неа и Роналдињо, таа одговори дека се само другари и дека сама успеала да влезе во тие кругови.

Спасовска, која едно време го носеше епитетот “старлета”, отворено призна дека е љубител на луксузот, носи само скапа и брендирана облека, а нејзиното мото е “Со пари се купува и здравје и среќа”.

“Можам да кажам дека среќата се купува со пари бидејќи луѓето велат: подобро да плачам во Ферари отколку во некој друг автомобил”.

Погледнете го целото интервју:



Спонзорирани линкови

Маркетинг