Хонда почнуваат да работат на перформанси

КРУГ.МК

16/05/2019

19:01

553

Големина на фонт

а а а

Шефот на Хонда Формула 1 програмата, Масаши Јамамото, најави дека јапонците почнуваат да се насочуваат кон перформанси од нивниот мотор, откако до сега успешно работеа на издржливоста и квалитетот.

Хонда се врати во Формула 1 во 2015 година преку Мекларен, но нивната тригодишна соработка со тимот од Вокинг мина во сенка на огромни проблеми со издржливоста проследено со очајни перформанси. Лани беа очигледни подобрувањата во сите аспекти во првата година од соработката на јапонците со Торо Росо, но сезонава го снабдуваат и Ред Бул со кого веќе освоија два подиуми.

Хонда се свесни дека моќта е нивниот главен заостаток во однос на Мерцедес и Ферари чии мотори се далку пред нив, така што по совладување на издржливоста, време е да работат на перформанси.

„ПОБЕДА НА ТРКИ Е СЕКОГАШ ЦЕЛ ЗА ХОНДА. ФОРМУЛА 1 ЕКИПИТЕ ЗАЕДНО СО НАШИОТ РАЗВОЕН ЦЕНТАР И ДРУГИ ФАКТОРИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ИМАМЕ ДОБАР СИСТЕМ. ДО СЕГА БЕВМЕ ФОКУСИРАНИ НА БАЛАНСОТ НА МОТОРОТ И ИЗДЖРЛИВОСТА, НО ОД СЕГА ЌЕ БАРАМЕ ПОВЕЌЕ КОЊСКИ СИЛИ. МОРАМЕ ДА ЈА НАВЕДНЕМЕ ГЛАВАТА И ДА РАБОТИМЕ НАПОРНО“, НАЈАВИ ЈАМАМОТО.

Моќта од Мерцедес и од Ферари во моментов е недостижна за јапонците, а МАсаши смета дека тие се трет производител на Формула 1 гридот, пред Рено, иако за малку пред французите.

„СО ПОМОШТА ОД РЕД БУЛ И ТОРО РОСО ДОЈДОВМЕ ВО ПОДОБРА ФОРМА ОД РЕНО ВО МОМЕНТОВ, НО НЕ МИСЛАМ ДЕКА СМЕ МНОГУ ПРЕД НИВ. МОРАМЕ ДА РАБОТИМЕ ЗА ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ МОЌТА, НО ВО ИСТО ВРЕМЕИ ДА ЈА ОДРЖИМЕ ИЗДРЖЛИВОСТА НА ОВА НИВО КОЕ Е МНОГУ ВИСОКО. ТОА БАРА МНОГУ РАБОТА ВО РАЗВОЈОТ, НО БЕЗ ТОА ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ НАПРЕДУВА.

ВО ИСТО ВРЕМЕ МОРАМЕ ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ И СО БУЏЕТОТ, НО МИСЛАМ ДЕКА ПРАВИМЕ ИСПРАВЕН ИЗБОР СО БАЛАНСИРАЊЕ НАЈДОБРО ШТО МОЖЕМЕ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг