Гасли: Мерцедес се многу побрзи од другите

КРУГ.МК

16/05/2019

16:48

420

Големина на фонт

а а а

Ред Бул сметаат дека може да ги победат Ферари во Монако наредниот викенд, но се реални дека Мерцедес се класа за себе во моментов.

Вака смета францускиот возач на тимот, Пјер Гасли, откако Ред Бул се покажа како подобар во однос на перформанси од Ферари во Барселона. Французинот полека се привикнува на болидот, иако имаше тежок почеток на сезоната.

„МОРАВ ДА ГО ПРОМЕНАМ НАЧИНОТ НА ВОЗЕЊЕ, А МИ ПОМОГНАА И НЕКОИ НОВИ ДЕЛОВИ НА БОЛИДОТ. ФЕРАРИ СЕ МНОГУ БРЗИ НА ПРАВЦИТЕ БИДЕЈЌИ ИМААТ НАЈДОБАР МОТОР, НО ВО СВИОЦИТЕ СМЕ ПОДОБРИ ОД НИВ. МИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ ШАНСА ДА СМЕ ПРЕД НИВ“, НАЈАВИ ПЈЕР.

Сепак тој смета дека Мерцедес се надвор од дофатот на Ред Бул во моментов.

„ДОКОЛКУ ГО ВИДИТЕ ТЕМПОТО ТИЕ НАПРАВИЛЕ ГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД. МИСЛАМ ДЕКА СЕ МНОГУ ПОБРЗИ ОД НАС И ОД ФЕРАРИ“.

Хелмут Марко се согласува со него.

„МИСЛАМ ДЕКА Е АЛАРМАНТНО КОЛКУ СЕ ПОБРЗИ МЕРЦЕДЕС ВО СВИОЦИТЕ, А МОНТЕ КАРЛО Е ЦЕЛО СО БАВНИ СВИОЦИ.

НИЕ НЕ БЕВМЕ ТОЛКУ ДОМИНАНТНИ КАКО НИВ, ИМАШЕ НЕКОЛКУ ПРОМЕНИ НА ПРАВИЛАТА ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА. НО СЕГА НИКОЈ НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ТОА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг